Среќна Нова Година!
- Детали
- Објавено на Четврток, 29 Декември 2011 07:34
Македонската Аикидо Асоцијација на сите свои членови и пријатели им посакува Среќна Нова Година и весели празници!
Аикидо
- Детали
- Објавено на Недела, 07 Август 2011 17:32

Аикидо е будо (боречка вештина), создадена во дваесетите години на 20-от век во Јапонија од Морихеи Уешиба (О-Сенсеи).
Аикидото е систем на борба и систем на себеизградување и подобрување. Во аикидото нема турнири и натпревари. Наместо тоа сите аикидо техники се учат со соработка и според способностите и карактеристиките на партнерот. Според основачот, целта на аикидото не е да го победи противникот, туку да ги победи неговите негативни карактеристики кои го спречуваат неговото размислување и делување. Мора да се разбере дека за постигнувањето на поголема извежбаност во аикидото не се доволни неколку месеци или години. Напредокот во аикидо е можен само со долготраен, постојан и посветен тренинг.
Аикикаи (Zaidan Hojin Aikikai) е организација на основачот на аикидото, официјално регистрирана од јапонската влада во 1940 година, создадена за зачувување и промоција на идеалите и принципите на вистинското аикидо на основачот Морихеи Уешиба.

Во 1969 година, по смртта на основачот, неговиот син Кишомару Уешиба, бил назначен за втор Аикидо Дошу. Денаес трет Аикидо Дошу е Моритеру Уешиба, внук на основачот на аикидото.
Аикикаи Хомбу Доџо во Токио е центар и главен двигател на развојот и ширењето на аикидото и инспирација за повеќе од 2 милиони аикидо практиканти ширум светот.
Терминот аикикаи аикидо не претставува стил или посебна форма на аикидо туку повеќе претставува припаѓање и прифаќње на една идеја.
Под капата на Аикикаи организацијата работеле и работат исклучителни мајстори, вистински легенди на аикидо вештината и секој од нив со своја интерпретација и обележје има голем придонес во еволуцијата, популаризацијата, но и во зачувувањето на системот на аикидо вештината.
Во 1975-та година е создадена Интернационалната Аикидо Федерација (IAF), за да се трасираат аикидо активностите на глобално ниво. Денес претседател на ИАФ е Аикидо Дошу, Моритеру Уешиба.
Македонската Аикидо Асоцијација има успешна соработка со Аикикаи Фондацијата и Хомбу Доџо. Во 2004-та година, организиравме семинар со Јошиаки Јокота 7-ми Дан, џомбу доџо шихан, првпат во Македонија инструктор од Хомбу доџо, Јапонија. Во 2006-та и 2007-ма организиравме семинар со Коичи Ториуми, 7-ми Дан, хомбу доџо шихан. Аикикаи Хомбу доџо и понатаму ќе го помага развојот и унапредувањето на техничкото ниво на аикидото во Македонија.
Сенсеи
- Детали
- Објавено на Недела, 07 Август 2011 14:31

Мустафа Ајѓун Сенсеи, 6-ти Дан Аикикаи
Мустафа Ајѓун Сенсеи е роден 1963-та година во Црна Гора. На шестгодишна возраст, со семејството се преселил во Истанбул, Република Турција каде и денес живее и работи.
Мустафа Ајѓун Сенсеи е професионален аикидо инструктор.
Во Македонија, во Битола, прв пат одржа аикидо семинар во 1998-ма година. Од 1998-ма година до денес, во Македонија, Ајѓун Сенсеи одржа повеќе од 30 аикидо семинари и има голем придонес во развојот на нашето аикидо, аикидо инструкторите, аикидо клубовите и формирањето на Македонската Аикидо Асоцијација.

Кенџи Кумагаи, 7-ми Дан Аикикаи, Шихан
Кумагаи Шихан е аикидо учител на Мустафа Ајѓун Сенсеи.
Кумагаи Шихан како претставник на фирма од Јапонија, почнувајќи од 1982-ра година, седум години живеел и работел во Истанбул, Република Турција и се разбира како што тоа го прават сите аикидо вљубеници, започнал аикидо часови во еден од локалните џудо клубови во Истанбул. Од аикидо групата од тоа време, денес тројца негови ученици се носители на 6-ти Дан Аикикаи и активно го популаризираат аикидото во Турција.
Кумагаи Шихан може да се смета за "татко" на аикидото во Турција.
Македонска Аикидо Асоцијација
- Детали
- Објавено на Недела, 07 Август 2011 14:26
Добредојдовте на страниците на Македонската Аикидо Асоцијација!
Македонската Аикидо Асоцијација е основана заради организирано и координирано изучување и афирмација на аикидо вештината во Република Македонија.
Македонската Аикидо Асоцијација беше основана во ноември 2000-та година од група на аикидо ученици на Мустафа Ајѓун сенсеи во Република Македонија.
Нашата цел е да помогнеме во создавањето на подобро и посреќно општство преку примената на основните принципи и вредности на аикидото во секојдневниот живот и градењето на индивидуалниот физички, духовен и интелектуален развој.
За повеќе информации контактирајте ја нашата МАА канцеларија!

Колективни членови на Мaкедонската Аикидо Асоцијација се следните клубови:
- Кенбукан Аикидо Доџо - Битола
- Зендо Аикидо Доџо - Скопје
- Кобукан Аикидо Доџо - Скопје
Технички Директор на МАА е г-дин Мустафа Ајѓун, 6. Дан Аикикаи
Техничка комисија на МАА: Мустафа Ајѓун, Љупчо Ошавков, Јахо Брзак, Здравко Кузманов
Управен одбор на МАА: Љ. Ошавков, Ј. Брзак, З. Кузманов, И. Евтимова, С. Начевски
Организациски одбор: Т. Савиќ, И. Евтимова, А. Јовановска, М. Јонческа, Б. Чона
Најнови вести
МАА пролетен семинар 2012! 9-10-ти јуни, викенд семинар во Скопје со Мустафа Ајѓун сенсеи!
Најави се!
Кој е на страницата!
Имаме присутни 4 гости и нема членови




