Sensei

Мустафа Ајѓун Сенсеи, 6-ти Дан Аикикаи

Мустафа Ајѓун Сенсеи е роден 1963-та година во Црна Гора. На шестгодишна возраст, со семејството се преселил во Истанбул, Република Турција каде и денес живее и работи.

Мустафа Ајѓун Сенсеи е професионален аикидо инструктор.

Во Македонија, во Битола, прв пат одржа аикидо семинар во 1998-ма година. Од 1998-ма година до денес, во Македонија, Ајѓун Сенсеи одржа повеќе од 30 аикидо семинари и има голем придонес во развојот на нашето аикидо, аикидо инструкторите, аикидо клубовите и формирањето на Македонската Аикидо Асоцијација.

 



Кенџи Кумагаи, 7-ми Дан Аикикаи, Шихан

Кумагаи Шихан е аикидо учител на Мустафа Ајѓун Сенсеи.

Кумагаи Шихан како претставник на фирма од Јапонија, почнувајќи од 1982-ра година, седум години живеел и работел во Истанбул, Република Турција и се разбира како што тоа го прават сите аикидо вљубеници, започнал аикидо часови во еден од локалните џудо клубови во Истанбул. Од аикидо групата од тоа време, денес тројца негови ученици се носители на 6-ти Дан Аикикаи и активно го популаризираат аикидото во Турција.

Кумагаи Шихан може да се смета за "татко" на аикидото во Турција.

 

Најнови вести

МАА пролетен семинар 2012! 9-10-ти јуни, викенд семинар во Скопје со Мустафа Ајѓун сенсеи!

Најави се!



Кој е на страницата!

Имаме присутни 4 гости и нема членови